За нас

October 16, 2014

Веќе 17 години Јазично-образовниот центар АПОЛО е Ваш партнер во изучувањето на странските јазици. Кај нас слушателите се стекнуваат со знаења кои потоа можат да ги имплементираат во понатамошната професионална кариера, како и во приватниот живот. Самото постоење од 17 години укажува на квалитетот на нашите услуги.
Училиштето организира курсеви за возрасни и деца по: германски, грчки, словенечки, англиски и француски, индивидуални часови и групна настава.

Нашиот кадар е високо специјализиран за германски, грчки и словенечки јазик, кои ни се најпосетени, како и за англиски, француски и други светски јазици по потреба и интерес.

Нудиме ПРЕВЕДУВАЧКИ УСЛУГИ и вршиме СУДСКИ ПРЕВОДИ од германски, англиски, грчки, италијански, шпански, турски, албански и др., како и симултани и консекутивни преводи по германски, англиски, словенечки јазик итн.

АПОЛО е едукативен центар во кој брзо и ефикасно се изучуваат странски јазици по најсовремени програми и по принцип на светските методи и стандарди. Училниците се пријатни и модерно опремени, условите за одржување на часовите се беспрекорни, а тимот на предавачи е професионален, креативен и со долгогодишно искуство.

Нудиме ИНТЕНЗИВНИ и СЕМЕСТРАЛНИ КУРСЕВИ за сите возрасти, специјализирани курсеви (деловен англиски, германски за медицинари), ИНДИВИДУАЛНА настава, јазични игротеки (за деца од 3-6 години).
Курсевите започнуваат во период од 1-15-ти септември, а запишувањето започнува од август и трае до првата недела на септември.
Курсевите за возрасни траат 3 месеци- интензивни и 4 месеци- семестрални. Слушателите доаѓаат 2 пати неделно по 90 мин.На крајот на секој степен се полага завршен тест и се добива диплома.

ГРУПИТЕ се мали заради добра и ефективна настава. Бројот на слушатели во една група е од 5-10 слушатели.
За оние кои не можат да се вклопат во група одржуваме и индивидуални часови –
60 мин./90 мин.

Што се однесува до цените нудиме и попусти за повеќе членови од едно исто семејство кои сакаат да учат во Аполо- Jазичен образовен центар и за слушатели кои посетуваат курсеви во Аполо повеќе од една година.

МИСЛЕТЕ НА ВАШАТА ИДНИНА И УЧЕТЕ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ВО АПОЛО!