За Нас

March 4, 2016

Повеќе од 13 години Јазично-образовниот центар АПОЛО е Ваш партнер во изучувањето на странските јазици. Кај нас слушателите се стекнуваат со знаења кои потоа можат да ги имплементираат во понатамошната професионална кариера, како и во приватниот живот. Самото постоење од 13 години укажува на квалитетот на нашите услуги.
Нашиот кадар е високо специјализиран за германскиот јазик, кој ни е број еден во однос на посетеноста, како и за англиски, грчки, италјански, француски, кинески, словенечки јазик и сите други светски јазици по потреба.
Нудиме интензивни и семестрални курсеви за сите возрасти, специјализирани курсеви (деловен англиски, германски за медицинари), индивидуална настава, јазични игротеки (за деца од 3-6 години).
Вршиме судски преводи од германски, англиски, грчки, италијански, шпански, турски, албански и др., како и симултани и консекутивни преводи по германски, англиски, словенечки јазик итн.